Недела
за борба против Туберкулоза
14.
- 21. септември 2018
Неделата за борба против туберкулоза оваа година се одбележа под мотото - „Се бараат:
лидери за слободен свет, свет без туберкулоза!“
Оваа година фокусот е насочен кон ставање крај на ТБ,
не само на политичко ниво, со шефови на држави, министри за здравство, туку и
на локално ниво со градоначалници, лидери на заедницата, луѓе заболени од
ТБ, претставници на граѓанското општество- невладини организации,
здравствени работници, лекари и медицински сестри и други партнери.
По тој повод и во нашето училиште беше
одржано соодветно предавање од страна на претставници од Црвен Крст. Предавањето
го следеа ученици од VII до IX одделение.
Нема коментара:
Постави коментар