Во пресрет
на пролетта и убавото сончево време на 20.04.2018 година, (петок) на часот по
ликовно образование ја изведовме активноста „Истражија природата и насликаj ја таква каква што ја гледаш и доживуваш“. Целта на активноста беше учениците да се
чувствуваат како вистински уметнци и по урнек на познатите безвременски светски
уметници како Пикасо, Монт, Личеноски да цртаат набљудувајќи ја природата.
Учениците од I/г одделение со задоволство ја прифатија активноста и учествуваа
во неа. На крајот од нашиот уметнички излет во училишниот двор правевме изложба
со ликовните дела. За истите дававме свои размислувања за тоа што е претставено,
како е претставено и како би можело подобро да се претстави во иднина тоа што
сакаме да го прикажеме уметнички. Часот побуди многу веселост и задоволство кај
учениците, но истовремено учениците можеа одблизу да се запознаат со природните
карактеристики на дрвото, тревата, цвеќињата, нивните бои, форми, големини.
Одговорен наставник: Кети Сталеска
Нема коментара:
Постави коментар