среда, 4. април 2018.

Јас сум суперхерој

           За жал иако е 21 век и многу работи ни се достапни и блиску до нас, сепак нешто недостасува. Децата и возрасните многу лесно и едноставно може да се информираат и едуцираат за се што ги интересира. Сепак најмалку сите  ние придаваме важност на еко–културата, па неминовно е сè почесто да се разговара и да се обработуваат теми од областа на екологијата за развивање на поголема еко-свест. Сведоци сме на улици преполни со ѓубре. Возрасните ги  забораваат и ги занемаруваат основните културни еко-навики , но не и децата. Тие се нашата иднина. Нашите суперхерои кои многу повеќе и многу подобро се грижат и би се грижеле за планетата Земја. За природата. За здрав живот на инсектите, растенијата, птиците, животните и луѓето. Додека вие се шегувате за 1 Април, ние учениците од I/г решивме од старите кеси, хартии да направиме супер маски на тема „Јас сум супер херој“- заштитник на природата. Супер Ирина е заштитник на бубамарите, Супер Андреј е најдобар другар со громовите, па ако фрлате намерно ѓубре ќе ги повика за да ви раскаже колку е лута природата, а кога ќе дојде супер Ерхан, сите автомобили се извинуваат за загадувањето на воздухот и не сакаат да возат по градот додека не се најде некое решение за тоа,  да се вози и да не се загадува воздухот. Детската фантазија достигнува недостижни височини, но ние возрасните можеме многу нешта да научиме и заедно да создаваме подобар свет за сите нас. Во прилог ви доставуваме фотографии од изработуваањето на првоаприлски маски од учениците од I/г заедно со својата наставничка Кети Сталеска. Може ли да одгатнете кои супер херои дадоа чесен збор дека своите супер моќи ќе ги користат за чување на планетата Земја, чиста и насмеана?


Нема коментара:

Постави коментар