четвртак, 9. март 2017.

И ПРОЛЕТТА ПРАЗНУВА СО НАС


Денови на училиштето од 13.03. до 17.03. 2017 год.


Ø   13.03.2017 (понеделник) во 8,00 час.
-Историски ден - час посветен за животот и делото на патронот Рајко Жинзифов
одг. наставници: Тони Петрушевски и Лена Крстева

Ø   14.03. 2016 (вторник) во 10,00 час.
- Ликовен ден – ликовен хепенинг
одг. наставници: одделенска настава: Цветанка Гајдовска, Маја А. Спасевска и Билјана Илиева;
предметна настава :Звонко Петрушевски

Ø  15.03.2017 (среда) во  10,00 час.
- Спортски ден –,,Спортуваме и се забавуваме“
Одг. наставници: Јовица Ефтовски и Горан Андреевски –предметна настава
Светлана Жежовска, Горица Станковска , Весна Милановска, Богданка Пановска и Билјана Тодорова - одделенска настава

Ø  16.03.2017 (четврток) во 11,00 час.
-Натпревар ,,Кенгур“

Ø  16.03.2017 (четврток) во  12,00 час.
Генерална проба Комисија за приредби и прослава:
одг. наставник: Даме Коларовски и наставниците: Валентина Димишковска, Мануела Марковска, Виолета Николин, Магдалена Бадарова , Анета Макревска и Љуба Мишева

Ø  17.03.2017( петок)  во 12,00 час.
-       Литературно-поетско читање
Одг. наставници: Зора Лазаревска, Каролина Коларовска и Дијана Стојановска – предметна настава;
Мира Јовеска и Весна Стевановска-одд. настава

Ø   20.03.2017 (понеделник)
-       Свечена приредба во 11.час
-       Комисија за приредби и прослава:
одг. наставник: Даме Коларовски и наставниците: Валентина Димишковска, Мануела Марковска, Виолета Николин, Магдалена Бадарова, Анета Макревска и Љуба Мишевa

                                                                                        Директор:
                                                                            Елизабета Славковска


  ОД ИСТОРИСКИОТ ЧАС ПОСВЕТЕН НА НАШИОТ ПАТРОН

РАЈКО ЖИНЗИФОВ

Живот и дејност

Рајко Жинзифов (15 февруари 1839 – 15 февруари 1877г.) е роден во Велес, во познато велешко семејство. Неговиот татко работел како учител во хеленизирани училишта и израснат под влијанието на грчкиот дух, тој му го дава на својот син грчкото име Ксенофон (на македонски Рајко). Основно училиште завршува во Велес, а подоцна му помага во учителската дејност на својот татко во Прилеп.  Во 1856г. се придружува на Димитар Миладинов во борбата за културна преродба на македонскиот народ. Токму затоа станува помошник-учител на Димитар Миладинов во Прилеп и Кукуш, каде што се залага за отстранување на грчкото влијание во училиштата. Во 1858г. ја напушта Македонија и заминува во Русија за да студира на Московскиот универзитет каде е под заштита на  Константин Миладинов, кој реално му ја отсликува студената руска атмосфера. Во овој период Жинзифов воспоставува врски со некои македонски студенти и зема активна работа во партијата на учениците од словенските региони под турска власт. Воодушевен од дејноста на браќата Миладиновци, Жинзифов започнува да ја пишува нивната биографија. По завршувањето на студиите, работи како професор по старогрчки јазик во една од московските гимназии. Во тој период ја издава својата единствена стихозбирка, а работи и на препеви од руски, украински и чешки јазик. Соработувал и со неколку бугарски весници: „Дунавска зора“, „Македонија“, „Слобода“ и др. каде што објавува дел од своите песни, а и свои статии, во кои остро се спротивставува на елинизацијата на македонскиот народ, со што го навлекол гневот на многумина.
Последните години од својот живот ги минува во бедни услови, како емигрант во Русија, каде што и згаснува неговиот живот во 1877 година.

Поетска активност

Во текот на својот живот, објавил 39 песни во својата единствена стихозбирка, од кои најзначајни се: „Глас и „На Велигден Значаен е и како автор на првиот расказ во нашата литература со наслов: „На прошедба. Сепак, најзначајна трага во македонската книжевност остава со поемата „Крвава кошула“ издадена во 1870 во Романија. Во поемата се осудува турската тиранија и се опишува неподносливиот живот на нашиот народ под турско ропство. Поемата опишува вистински настан во кој една мајка откако Турците и го убиле единствениот син, ја донела неговата крвава кошула во град за да ја покаже на народот во црковниот двор.
Со сета оваа своја активност: со борбата против грчката елинизација, со својата учителска дејност, со своите песни со патриотска и социјална тематика, со првиот расказ во македонската книжевност, како и со поемата „Крвава кошула“ Жинзифов оставил силен печат зад себе и светла трага во македонската книжевност од 19 век.




ЛИКОВЕН ХЕПЕНИНГ
На 14.03.2017 година од 10 до 11 часот  во холот на  училиштето  се одржа ликовен хепенинг по повод Патрониот празник на училиштето. На ликовниот хепенинг учествуваа ученици од прво до деветто одделение. Учениците креативно се изразија преку разни  ликовни техники. Изработките од учениците беа изложени на паноата во холот на училиштето.
Одговорни наставници за хепенингот: Звонко Петрушевски (предметна настава) и Цветанка Гајдовска, Маја Атанасовска Спасеска и Билјана Илиева (одделенска настава).





Литературно читање

         Една од активностите во рамките на одбележувањето на деновите на училиштето по повод Патрониот празник беше и литературното читање  на детски творби под мотото „И пролетта празнува со нас“ што се одржа на 15.03.2017 година во училишната библиотека. Реализатори на оваа активност беа ученици од II дo IX одделение. Сите ученици што се претставија со своите лични творби добија пофалници.
Одговорни наставници: Мира  Јовеска, Весна Стевановска (одделенска настава) и
Зора Лазаревска, Каролина Коларовска и Дијана Стојановска (предметна настава)





Меѓународен натпревар по математика

 „Кенгур без граници-2017“

По повод престојниот Патронен празник на нашето училиште и одбележување на Денот на екологија на 16.03.2017,  се одржа Меѓународниот натпревар по математика „Кенгур без граници - 2017“. На натпреварот учествуваа 160 ученици од прво до девето одделение во време траење од 75 минути.
Меѓународниот натпревар по математика „Кенгур 2017“ се одржува секогаш на ист ден во цела Европа и на истиот активно учествуваат ученици од сите земји. Целта на овој натпревар е да се зголеми интересирањето за математиката и природните науки, да се зголеми степенот на логичкото размислување кај учениците, како и да се искорити стекнатото знење по математика.
Одговорен наставник:
Марина Станоеска






СПОРТСКИ ИГРИ

На 17.03.2017г. (петок), со почеток во10,00 и 11,00 часот на спортско игралиште со цел да се развие позитивно расположение, другарски однос, да се научат и почитуваат правилата на играта и да се развие натпреварувачки дух беа организирани разновидни спортски игри (трчање, скокање, штафетни игри, фризби и сл.) во кои зедоа учество учениците од I до IX одделение.
Одговорни наставници: (одделенска настава): Светлана Жежовска, Горица Станковска, Весна Милановска, Богданка Пановска и Билјана Тодорова;
       (предметна настава): Маја Грнчиштанова, Горан Андреевски и Јовица Ефтовски





СВЕЧЕНА ПРИРЕДБА
Свечената приредба се одржа на 20. 03. 2017 година во 11,00 часот во холот на училиштето. Во присуство на голем број гости од Општина Кисела Вода, директори и наставници од други училишта и родители, нашите ученици од I до IX одделение се претставија со бројни разновидни точки: драматизации, ритмички кореографии, музички изведби и сл., како на македонски така и на јазиците кои се изучуваат во нашето училиште.








По повод Патрониот празник и во нашето подрачно училиште во населба Пинтија се одржаа низа активности реализирани од учениците од одделенска настава под водство на нивните наставнички: ликовно изразување на тема „Пролет“(одговорен наставник: Соња Гајдовска), литературно читање(одговорен наставник: Кристина Никчевска), активност - „Покажи што знаеш“(одговорен наставник: Даниела Костадинова) и спортски игри(одговорен наставник: Кети Сталеска).
Во активноста ,,Покажи што знаеш" учениците од прво одделение облечени во народна носија ја испеаја народната песна „Дафино вино црвено“, од второ одделение се претстави една ученичка со акробатски игри. Од трето одделение покажаа дека го негуваат фолклорот и во придружба на народните инструменти: тапан, гајда и тамбура го изведоа „буфчанското оро“. Учениците од четврто одделение  покажаа дека знаат да свират на флејта и ја отсвирија и испеаја песната „Кукурек“. Учениците од петто одделение се претставија со две точки: свирење со флејта и ритмичка игра на позната песна.
Благодарност до сите учесници на овие активности и на родителот од трето одделение, Јовица Блажевски кој ни овозможи учениците да го играат буфчанското оро во придружба на народни инструменти и заедно да пееме и играме „Македонско девојче“.
Спортски игри- Игри без граници
        По повод патрониот празник на нашето училиште, 17.03.2017 г. е ден посветен на спортот како важен и составен дел од воспитно-образовниот процес, но и важен дел за правилен психо-физички и социјален развој на учениците. Од тие причини неуморно се подготвувавме цела недела се со цел да го организираме најдобро што можеме. На часот по творештво со учениците од 5-г одделение изработивме медали и пехари кои ги поделивме на победниците. Организиравме три различни натпреварувачки полигон -Игри без граници. Во сите три игри учествуваат по два ученика од I, II, III, IV и V одделение.
1.      Препротнување, змиулесто низ обрачи, влечење под греда, скокање со јаже. (мерење на време)
2.      Скокање во вреќа и носење на топки. (најуспешен тим)
3.      Задржи го стапчето. (најуспешен ученик)

На крајот од спортските игри свечено се доделија освоените медали и пехари. Натпреварувчите спортски се поздравија и си подадоа рака. 
                                              


Нема коментара:

Постави коментар