среда, 27. април 2016.

Проект за меѓуетничка интеграција во образованието

Одбележување на Денот на планетата Земја
22. април 2016 година
Цели на активноста: запознавање и непосредно учење едни за други, градење на групна кохезија и кооперативност, почитување на различностите, меѓусебна соработка и комуникација.
Во активноста учествуваа вкупно 30 ученика (по 15 ученика од двете училишта), изедначени по етничка припадност. На самиот почеток со цел запознавање и создавање пријатна атмосфера учениците добија по едно зелено капче како симбол за чиста и зелена планета и се поздравија на двата наставни јазика.


Првиот дел од активноста се реализираше на спортскиот терен во училишниот двор каде со помош на спортски реквизити беа поставени две станици за спортски игри. Се формираа две групи по 15 ученика во мешан состав. Игрите беа така осмислени со цел да се поттикне соработка и меѓусебна комуникација. Учениците соработуваа меѓусебно, се забавуваа и заеднички се радуваа на постигнатиот успех.






Вториот дел од активноста се реализираше во кабинетот по ликовно образование. Учениците сега беа поделени во 5 групи со мешан состав. Секоја група изработи по еден континент, а потоа сите зедно ја создадоа планетата Земја. На крај сите се радуваа на зедничкиот продукт кој се постави во холот на училиштето.


Претходно на 13.04.2016г. во рамките на меѓуетничката интеграција во образованието во нашето училиште беше реализиран и квиз натпревар: „Заедно учиме“
Од оваа учебна година се започна со активности за унапредување на интегрирано образование предвидени со стратешкиот документ „Чекори кон интегрирано образование во образовниот систем во Република Македонија“ За таа цел беа планирани две активности:
·         Квиз „Заедно учиме“ (за сите деца од II до VII одд);
·         Дебата на тема „Образованието-врата кон успехот“ (за учениците од VIII и IX одд).
ЦЕЛИ: учениците да ги продлабочат своите компетенции кои им се потребни за живот во интегрирано мултиетничко општество во духот на меѓусебно разбирање, мир, почитување на другите, прифаќање на разликите и право на еднаквост на сите.
РЕАЛИЗАТОРИ: одделенски раководители, членови на СИТ, стручна служба и директор.
За успешна реализација  тимот за МИО изготви акциски план со задолжителни активности кои ќе треба да се реализираат во текот на учебната 2015/2016 г.
По извршените подготовки на  13.04.2016г. (среда) се реализираше квизот „Заедно учиме“ со ученици од II,III,IV и V одд. од нашето училиште, како и ученици ос II,III,IV и V одд. од партнер-училиштето „Алија Авдовиќ“ од с. Батинци.
По пат на влечење беа поделени учениците во  групи во мешан етнички состав. Секој учесник од групата влечеше прашање, а во одговорот можеше да помага групата. Прашањата беа од темите предвидени со акцискиот план. Учениците во групите соработуваа и заеднички се радувааа на постигнатиот успех.
Квизот беше збогатен и разубавен и со неколку точки подготвени  од учениците од II -б,в и V-б,в одделение.







Нема коментара:

Постави коментар