На
22.04.2016г. учениците од прво I-б одд. заедно со одговорниот наставник Татјана Трпеска и во соработка со родители на учениците по повод Денот на планетата Земја
2016, го посетија Институтот за јавно здравје на РМ (Лабораторија за испитување
на квалитетот на водата за пиење).
Учениците ја
посетија лабораторијата за безбедност на вода каде им беше презентирано дел од
анализите со кои се одредува квалитетот и безбедноста на водата за пиење.
Пројавувајќи интерес, под контрола на Инг. техн. Светлана Тошевска изведоа
анализа, воодушевувајќи се на добиените резултати од нивната прва истражувачка
активност. Беше одржано и кратко предавање за значењето на безбедноста на
водата и останатите медиуми на животната средина воопшто.
На крајот на посетата,
Институтот за јавно здравје доби вреден подарок изработен од вредните рачиња на
дечињата – цртежи на тема “Ден на планетата Земја 2016”.
Инаку, Денот
на планетата Земја – 22 aприл се одбележува за првпат во 1970-та година во САД,
а од 1992 година во целиот свет. Денес го одбележуваат 175 држави во светот,
вклучително и Република Македонија. Целта е подигнување на нивото на свест и
знаења за зачувување и унапредување на животната средина, и да се укаже на
последиците од загадувањето на водата, воздухот, почвата како и исцрпувањето на
енергенсите на планетата Земја.
Реализираната
посета можете да ја видите и на следнава веб-страница:
Нема коментара:
Постави коментар