ПРОЕКТ: „Заедничка грижа за
правилно насочување на учениците“
ЦЕЛ: Зајакнување на врската,
родител-ученик-наставник“, преку која ќе се овозможи јакнење на
воспитната компонента во воспитно образовниот процес во основното образование.
АКТИВНОСТ „Родителот е наставник“ - организација на ден на „родители-предавачи“,
односно предавања од страна на родители стручни во одредена област на пр:
Злоупотреба на дрога, компјутерски
криминал, превентивна дентална заштита, едукација за здрава храна или некоја друга стручна област).
Во рамките на горенаведената активност на 08.04.2016 година (петок) на
втори час во второ одделение се реализираше наставен час од страна на
родителот Бети С Трајковска дипломиран географ. Наставната единица носеше
наслов Земјина орбита и родителот успееа со многу нагледности и примена на ИКТ
да ја пренесе содржината, а воедно да бидат и реализирани целите на часот. На
почетокот на часот учениците имаа можност да гледаат видео клип за вртењето на
Земјата околу Сонцето, а потоа со помош на изработени манипулативи да
демонстрираат вретњето на Земјата околу Сонцето. На крајот од часот учениците
доста успешно го илустрираа и можеа да
објаснат како се врти Земјата колу Сонцето.
За време на часот се применуваа повеќе
наставни методи, форми и техники и беше постигната интеракција помеѓу учениците
и „родителот-наставник“
Нема коментара:
Постави коментар