Во рамките на планираните
активности, по повод 21 Март-Ден на екологија на 21.03.2014г.(петок) пред
Месната заедница „Пинтија“ во 10.30ч. се одржа Продажна
изложба на изработки од учениците од Подрачното основно училиште „Рајко Жинзифов“, а
придонес дадоа и некои ученици од одделенска настава од Централното
училиште.
Изработките од вештите
детски раце беа преубави, со цветни мотиви, а цветовите беа направени од
различен материјал (хартија во боја, весници,
пластика , платно и друг вид материјал за рециклирање).
Собраните
средства ќе бидат наменети за набавка на градежен материјал за правење на
Соблекувална за потребите на физичко образование.
Одговорен наставник: Даниела Костадинова
Нема коментара:
Постави коментар