МОЈАТА МАЈКА
Мојата мајка е
добра
мајка ми е мила,
постојано
насмеана
од секогаш била.
Таа ме топли
како сонце ме
грее,
кога сум болна
неуморно над мене
бдее.
Таа не е само
мајка
туку мојот другар
верен,
постојано ме
брани
и со љубов ме
храни.
Сара Сабатковска
II-а одд.
ПРАЗНИКОТ НА МАЈКАТА
На мојата мајка
цвеќе ќе ѝ
подарам,
за нејзините
добрини
јас ќе и се
заблагодарам.
Јас за неа
и песничка ќе
напишам,
во неколку
стихови
нејзината добрина
ќе ја опишам.
За празникот на
мајката
ќе ја прегрнам
силно,
„Среќен Осми Март
мамо“
ќе и речам милно.
Нена Павловска
VI-а одд.
Ментор: Петар Ивановски
МИЛА МАМО
Мила мамо ти си
како
сончев сјај,
Мила мамо, мила
мамо
те љубам до
бескрај.
Јана Стојковска
II-а одд.
AЈДЕ МАМО
Ајде да
трчаме по ливади боси,
сонце
да не грее мамо, да ни милува коси.
Ајде да
одиме каде што ветрот ќе не носи,
сонцето
да не гледа, но и дождот да не нароси.
Ајде
низ шумата да минеме мамо,
по некоја јаготка да скинеме,
на
планина да се качиме,
а многу
да не се мачиме.
На
врвот да седиме, залезот да го гледаме,
а кога
ќе падне ноќ, од планината да рипнеме,
во
езерото да се нурнеме
и во
нови авантури да се втурнеме.
Ајде со
мислите некаде да заминеме мамо,
целиот
свет да го поминеме,
се да
видиме, ништо да не одминеме.
Борјана Блажевска
VIIв (9)
Ментор: Мишевска
Љупка
ДЕНОТ НА МАЈКИТЕ ОСМИ МАРТ
Мајката е цвет
што цвета
како птица секаде
лета,
дење ноќе над нас
бдее,
радост, љубов
срце грее.
Таа ме чува, гали
и мази
и секогаш на мене
пази.
Бојан Крстевски
II-а одд.
ЗА ТЕБЕ МИЛА МОЈА
За тебе еве ќе напишам
песна,
песна со зборој ко бисери
сјајни.
Во неа љубов неизмерна се
точи,
љубов упатена за твоите
очи.
За тебе еве ќе симнам и
ѕвезда,
најголема, светла,
трепетлива, сјајна.
Ќе направам дури и илјада
чуда,
невозможни нешта во земјава
луда.
За тебе еве и простум ќе
стојам,
да покажам почит, покорност
и верба.
Со многу љубов и искрени
желби,
да си жива мамо до илјада
лета.
Ребека Цаневска VIIa одд.
Ментор:
Мишевска Љупка
Нема коментара:
Постави коментар