среда, 5. март 2014.

Дел од личните творби посветени на нашиот патрон:

                                             МОЕТО УЧИЛИШТЕ

                         Радосна сум јас, дојде првиот школски час
                     Ајде сега сите да викнеме на глас!
                     Jас сум прваче весело и смело
                     Kако цвеќенце во пролет бело
                     Oдам на училиште, во клупа седам
                    Желна сум за учење и петки да редам
                    Играме, пееме и во ред стоиме
                    Нов свет ко виножито боиме
                    За учење и знаење сме жедни
                    И како мравки сме вредни
                    Фатени во оро весело
                    Oд детски игри сплетено
                        Волшебни тајни откриваме.

Ања Стојкова  III-в  одд. 
Ментор:  Светлана Жежовска

Емељ Чико 3-б одд.
Пред 50 години завесата се крена,
претставата започна

    Завесата се крена и претставата започна точно пред 50 години. Весело со џагорот на децата и првото ѕвонење на училишното ѕвонче. Со детска смеа од весели првачиња, некои замислени и по малку збунети. Сè започна тука во училишниот двор. Училиште со голем двор, со долги ходници и големи училници. Нашето училиште, нашиот втор дом. Тука сите заедно зачекоривме по нови патеки и стекнување на нови знаења. Тука ги научивме првите букви од азбуката, првото математичко собирање и одземање, првите цртежи... Колку ли само математичари, професори, сликари ги добиле првите знаења. Колку ли академски граѓани продолжиле по патот на знаењето и успехот.
Старо е нашето училиште, со долга училишна традиција, а сепак е ново и подготвено за уште многу генерациски победи и знаења!
                                                                                                         Марија Трајаноска  V-д  одд.


Давид Котески  3-б  одд.


ПРЕД 50 ГОДИНИ ЗАВЕСАТА СЕ КРЕНА
ПРЕТСТАВАТА ЗАПОЧНА


50 godini
na{eto u~ili{te
slavi
so mnogu
umni glavi.

Vo RAJKO petki
mnogu se redat,
a u~enicite zadovolni
vo klupite sedat.

Ve}e pomina
polovina vek
otkako nastavata
e vo tek.
Simona Dan~eva  5-a odd


Михаела Кочоска 3-б одд


ЗА МОЕТО УЧИЛИШТЕ

Училиштето во кое јас учам
ни овозможува удобност и смеа на сите
низ игри и песни, учење и другарство
брзо и лесно ни минуваат дните.

Во него се организираат многу претстави
на кои сите се радуваме и пееме,
наставниците се задоволни од нашата
работа и послушност
и секојдневно уживаме и се смееме.

Севкупната работа на учениците и нивните успеси
со пофалба и награда се здобиени,
постојат многу ученици што ќе учат во
моето училиште,
но нивните успеси засега се скриени.

50 години поминаа од неговото постоење
се уште на патрониот празник се слави
со химна и песна,
уште многу години поминати со насмевка ќе минат
повеќе дружба, без кавга за годината
да биде лесна.
Михаела П.  IIIб  одд.


Пелагија Пердевска 3-б  одд.


За Рајко Жинзифов

Во месец февруари
е патрониот ден,
нашето училиште
го слави неговиот роденден.

Неговите поеми и раскази
ги знаеме ние,
сите ќе ви ги кажеме
да ги научите и вие.

„Прошедба“ и „Глас“,
познати се дела
во далечината, туѓината,
душата не е цела.
Јована Николовска  III-в  одд. 
Ментор:  Светлана Жежовска



Светле Васковска  1-г  одд.


НАШЕТО  УЧИЛИШТЕ

На 15 февруари
голем празник се слави,
патронот наш го пречекуваме
со кренати глави.

Училиштето наше
многу нам ни значи,
од него топлина и радост
секој ден зрачи.

Во него сложно
се дружиме сите
во радост и смеа
ни минуваат дните.

Во него учам и јас
и моите другарчиња
од IV-а клас.

Колективна творба на учениците од IV-а одд.


Меланија Ивановска  5-г  одд.


„ПРЕД 50 ГОДИНИ ЗАВЕСАТА СЕ КРЕНА, ПРЕТСТАВАТА ЗАПОЧНА“

Училиштето мое
патронат голем слави,
50 години постои
учат детски глави.

Првачиња мали се запишуваат
учат букви и бројки,
потоа лекции се нижат
па и спортови во двојки.

Образование е важна работа
сите деца треба да учат,
културни граѓани да станат
за професии разни да се обучат.

Училиштето мое
Рајко Жинзифов се вика,
50 години образовна претстава дава
и културни навики создава.
                               Дамјан Георгиевски V Г одд.


Елдар Изберовиќ  3-б  одд.

Нема коментара:

Постави коментар