четвртак, 30. април 2026.

Работилница на тема „Ненасилна комуникација“ во рамки на проектот „Насилството не е кул“

 Во месец април во нашето училиште успешно се реализира третата работилница во рамки на проектот „Насилството не е кул“, на тема „Ненасилна комуникација“.

Работилницата беше исполнета со интерактивни активности и практични вежби преку кои учениците имаа можност да ги развиваат своите комуникациски вештини, емпатијата, активното слушање и конструктивното решавање на конфликти без употреба на насилство.

Реализатори на работилницата беа училишниот психолог Бранка Бранковиќ и педагог Весна Рафеска, кои преку разновидни вежби и дискусии ги поттикнаа учениците да размислуваат за значењето на почитта, разбирањето и ненасилната комуникација во секојдневниот живот.

Учесници на работилницата беа ученици од VII и VIII одделение од нашето училиште, како и ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“, ООУ „Кузман Шапкарев“. Заедничката работа придонесе за размена на искуства, зајакнување на меѓусебната соработка и градење позитивна училишна клима.

Работилницата претставуваше значаен чекор во промовирањето на култура на дијалог, толеранција и меѓусебно почитување, во согласност со целите на проектот „Насилството не е кул“.

психолог Бранка Бранковиќ 

педагог Весна Рафеска



Нема коментара:

Постави коментар

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.