По повод 22 Април – Денот на планетата Земја, учениците од 6 и 8 одделение ,наставниците и техничкиот персонал од нашето училиште активно се вклучија во повеќе еколошки активности со цел да придонесат за почиста и позелена средина. Се спроведоа акции за чистење и средување на училишниот двор, собирање суви лисја, наводнување и садење нови садници, како и грижа и одржување на веќе насадените дрвца.
Покрај практичните активности, учениците учествуваа и на онлајн предавање организирано од МИУ мрежата и обучувачи од Едукативниот центар Негрево, каде се запознаа подетално со тресетиштата во Македонија – нивното значење, карактеристичната флора и фауна, со посебен фокус на ретката Муволовка, кое е карактеристично растение за тресетишта и е редок и интересен вид. Дознавме како таа се прилагодува на живот во сиромашни почви преку факање инсекти, како и заканите со кои се соочуваат и мерките за нивна заштита,едукација и одговорно однесување кон природата. Предавањето беше многу интересно и едукативно, и ни помогна подобро да ја разбереме важноста од зачувување на овие вредни природни богатства.
Одговорен наставник : Билјана Наунова

Нема коментара:
Постави коментар
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.