Во месец март, во подрачното училиште во Пинтија, училишниот психолог одржа едукативна работилница на тема „Пријателство наместо насилство“ со ученици од IV - г и IV - д одд. Работилницата беше наменета за учениците со цел да се подигне свеста за различните форми на насилство, нивните последици и важноста од градење здрава и поддржувачка училишна средина.
Преку интерактивни активности, дискусии и примери од секојдневниот живот, учениците имаа можност да научат како да препознаат насилно однесување, како да реагираат во такви ситуации и како да придонесат за меѓусебна почит и разбирање. Особено внимание беше посветено на вербалното и врсничкото насилство, како и на улогата на секој поединец во неговото спречување.
Учениците активно учествуваа, споделуваа свои мислења и покажаа голем интерес за темата, што укажува на значењето на ваквите активности во воспитно-образовниот процес.
Со вакви иницијативи, училиштето продолжува да гради безбедна средина во која секој ученик се чувствува прифатен, почитуван и заштитен.
Психолог Бранка Бранковиќ


Нема коментара:
Постави коментар
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.