На 13.3.2026 година, во подрачното училиште во Пинтија, училишниот психолог Бранка Бранковиќ реализираше работилница со учениците од VII-г одделение на тема „Врсничко насилство и почитување на правилата– чекор кон побезбедна училишна средина “.
Целта на работилницата беше да се поттикне свесноста кај учениците за последиците од врсничкото насилство, како и значењето на почитувањето на училишните правила како основа за безбедна и позитивна средина. Преку дискусија, анализа на ситуации и групни активности, учениците имаа можност да препознаат различни форми на насилство и да разговараат за начини на соодветна реакција и превенција.
Посебен акцент беше ставен на одговорноста на секој ученик во создавањето атмосфера на почит, толеранција и соработка. Учениците активно учествуваа, изнесуваа свои ставови и покажаа зрелост во разбирањето на темата.
Со вакви работилници, училиштето континуирано работи на градење култура на ненасилство и меѓусебно почитување меѓу учениците.
Психолог Бранка Бранковиќ

Нема коментара:
Постави коментар
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.