На ден 26.10.2023 година (четврток) беше одржан отворен час по англиски јазик во 5 б одделение, од страна на наставничката Александра Колевска.
Содржината на часот беше - Прашални зборови (Whose, Which, How) , а стандардите за оценување - Прави разлика и правилно ги користи (усно и писмено) прашалните зборови Whose, Which, How и одговара на прашања кои ги вклучуваат овие прашални зборови. На часот беа применети современи методи техники и стратегии за учење.
Учениците најпрвин преку техника грозд се запознаа со прашалните зборови и нивната употреба во реченици. Потоа преку работа во парови поставуваа прашања со прашален збор и одговараа на истите. Следување работа во групи - учениците пишуваа прашања со прашален збор според даден одговор.
На крајот од часот учениците се натпреваруваа - одговараа со соодветен прашален збор на квиз од апликацијата wordwall.
Часот
го следеше педагогот Весна Рафеска.
Во
прилог следуваат слики од реализираните активности со учениците на отворениот
час.
Одговорни:
Наставник
по англиски јазик – Александра Колевска
Нема коментара:
Постави коментар