Ако изминатитите години на 10 јуни го одбележувавме крајот на училишната година оваа 2023 година 10 јуни во нашата училница го одбележувавме Светскиот ден на сладоледот. Се верува дека на тој ден во далечната 1786 година почнала првата продажба на сладоледот во САД.
Сладоледот е популарен замрзнат десерт што се прави од мраз, најчесто од млечни производи во комбинација со овошје или други состојки и вкусови.
Во Денот на одбележувањето на овој популарен десерт и нашата паралелка I-д одделение активно се вклучи при што : заедно со учениците истражувавме каде започнува приказната за сладоледот, кој е најголемиот сладолед на светот според Гинисовата книга на рекорди, колку чини најскапиот сладолед, Игра-поврзи ја сенката на сладоледот потоа изработувавме од хартија различни видови сладолед (на стаче,корнет) , гледавме рецепти на ТВ како се прави сладолед и на крај дегустираме сладолед .
Бидејќи повеќето видови сладолед содржат шеќер и други засладувачи заклучивме дека
„Не е препорачливо често и прекумерено јадење сладолед.“
Нека е Честит Денот на сладоледот!
Одговорен наставник: Елена Стојановска
Нема коментара:
Постави коментар