среда, 27. децембар 2023.

Естетско уредување по повод Нова година

 

    Одговорните наставници Мануела Маркоска и Виолета Николин со своите ученици од IVб и  Vб одделение во рамките на слободните ученички активности реализираа креативна работилница, во која изработуваа декоративни ликовни творби со новогодишни мотиви: новогодишни ѕвезди со дрвени стапчиња, џуџиња од хартија, слатки картонски куќички и голема слатка картонска куќа, слатки картонски колачиња и голема рамка за фотографирање.

За време на активностите се забележуваше позитивна работна атмосфера, учениците работеа во групи и парови. Меѓусебно си помагаа и соработуваа, а резултат беа прекрасните креации од учениците од двете одделенија, кои сега го красат училиштниот хол и просторот кај бината во училиштето.




Одговорни наставници:

Мануела Маркоска и

Виолета Николин

Инклузивна претстава „Сонуваме менуваме“

 

    Нашиот ученик Александар Стојчески од IX-г одделение активно учествуваше во инклузивната претстава „Сонуваме менуваме“ која се реализираше во  Македонскиот народен театар и која ја следеа дел од нашите ученици со посебни образовни потреби. Детскиот свет е фантастичен измислен, полн со игри и секојдневно осознавање, во него не постои нешто несовладливо се е возможно и ништо не е далечно и непознато за детската имагинација и детското срце. Во тој свет секој ќе најде непресушен извор на сила, оптимизам, верба, добрина, љубов, тоа го гледавме во оваа иклузивна претстава.

 


Дефектолог Адријана Кукоска