На
23.12.2021г. беше одржана работилница на тема „Огледалце, огледалце мое...“ со
учениците од V - г одделение. Реализатори на работилницата се одделенскиот наставник
Кети Сталеска и училишниот психолог Бранка Б. Стојковиќ.
Цели
на работилницата:
-
Секој ученик да ги препознае своите јаки и слаби страни;
-
Да ги научи учениците дека самодовербата и сигурноста во себе се важни за
постигнувањата во животот;
-
Учениците да научат да ги идентификуваат своите потенцијали.
Работилницата
се одржа за време на часот по одделенска заедница.
Сите
ученици активно учествуваа во работилницата. За време на процесот на рефлексија
од работилницита, учениците споделија како се чувствуваат, што треба да прават
за да се подобрат и како овие сознанија можат да ги применат во секојдневниот живот.
Нема коментара:
Постави коментар