На 16.12. 2021 година Училишниот
парламент го одржа третиот по ред состанок и на истиот присуствуваа и учениците
од подрачното училиште.
На состанокот покрај вообичаените точки на дневен ред се
реализираа и презентации на темите „Булинг“ и „Сајбер насилство“.
За Булингот – меѓуврсничото насилство
како негативна појава општо меѓу младите зборуваше психологот на училиштето
Бранка Б. Стојковиќ која преку
презентација го објаснуваше поимот
булинг, видовите булинг и препознавање на истиот. Целта на предавањето беше подигнување на свеста
кај учениците за последиците од меѓуврсничкото насилство, како директни
учесници и како индиректни набљудувачи.
За Сајбер насилството, како насилство преку електронски
средства, зборуваше педагогот на
училиштето Весна Рафеска. Сајбер насилството е реален проблем на денешницата, а
жртва може да биде секој. Предавањето содржеше информациии за формите на
сајбернасилството и совети за спречување на
истото.
На крајот од средбата учениците членови на Училишниот
парламент заеднички ја накитија новогодишната елка со пораки за многу здравје,
успеси и среќа во Новата 2022 година.
Нема коментара:
Постави коментар