На 19.11.2021 година се одржа линковско поврзување на платформата Тимс со Народна банка на Република Северна Македонија и учениците од IIIб - одделенски раководител Мануела Маркоска и IVа - одделенски раководител Маја Атанасовска Спасеска. Презентација ја водеше м-р Кристина Павлеска Помошник на гувернерот за финансиска едукација. Учениците беа активно вклучени во презентирањето од страна на стручното лице кое го водеше настанот, поставувајќи прашања и покажаа голема заинтересираност. Со тоа се збогати знаењето за парите кои учениците ќе го применат во математиката во темата монети и банкноти.
Теми опфатени во презентацијата беа:
1. Каде се наоѓа
Народната банка и што претставува?
2. Што се пари и зошто
се користат?
3. Какви пари
постојат?
4. Од кога се воведени
македонските денари?
5. Каде и како се
прават македонските денари?
6. Дали можеме да
направиме денари колку што сакаме?
7. Кои се обележјата
на нашите пари?
8. Зошто треба да се
штеди?
9. Дали во Народната
банка може да се штеди?
10. Која е разликата
помеѓу Народната банка и комерцијалните банки?
Одговорни наставници: Маја Атанасовска Спасеска, Мануела Маркоска
Нема коментара:
Постави коментар