уторак, 23. новембар 2021.

Кино во училница

    По повод светскиот ден за превенција од насилство врз децата кој се одбележува на 19 и 20 ноември, познат како Светскиот ден на детето, одделенскиот наставник Кети Сталеска во соработка со преставник од филмскиот фестивал за деца и млади „Џифони“ организираше кино проекција во училница. Опремата беше поставена од преставникот на филмското здружение додека учениците се одмараа во училишниот двор, поради пандемијата и строго се внимаваше да не се случи било каков контакт. На учениците од Vг им се даде можност да бираат помеѓу два детски филма. Беше одбран филмот „Последниот бенд“, во кој главната улога ја толкуваше деветгодишно девојче кое се соочува неприфатеност од врсниците поради нејзиниот талент кон музиката. Таа заедно со уште неколку момчиња формираа бенд со кој победија на еден важен натпревар за идни музичари. Учениците од Vг беа видно задоволни од проекцијата на овој европски детски филм и можноста да се чувствуваат како да се во кино. Освен што се запознаа со филмот како седма уметност и медиумска култура, тие научија и дека треба да ги развиваат своите таленти, да не подлегнуваат под туѓи коментари и потсмевања од врсниците и да се борат за своите соништа.

                                               Одговорен наставник: Кети Сталеска






Нема коментара:

Постави коментар