Првата седница на Локалниот совет за превенција на
Општина Кисела Вода беше одржана на 30 септември 2020 г. во дворот на ООУ
„Партенија Зографски“.
На седницата како претставници на нашето училиште беа
присутни психологот Јасмина Пакашки и претседателот на Советот на родители,
Влатко Костовски.
На присутните претставници на основните училишта од
Кисела Вода им се обратија претседателот на Општината Филип Темелковски, воедно
и претседавач на Советот, и Дарио Шимиќ, претседател на Советот на Општината.
Тие накусо ги запознаа присутните со сите мерки и активности што ги презеле во
изминатите месеци од прогласувањето на пандемијата Ковид 19, како и со плановите
на Општинскиот кризен штаб за натамошно обезбедување максимална безбедност на
територијата на општина Кисела Вода.
Претставникот од СВР Скопје, Ристо Јовановски, ги
информира присутните за мерките преземени од страна на СВР и препорача да се
следат протоколите и препораките на Владата, Министерството за образование и
Министерството за здравство. Тој истакна дека е од суштинско значење
соработката на родителите, училиштата и агенциите за обезбедување, па во таа
насока ја изнесе идејата за формирање локални патроли за превенција, кои би
вклучувале претставници од училиштата, родителите, локалните полициски станици
и невладиниот сектор. Јовановски ги запозна присутните и со проектот кој се
реализира во соработка со НВО Театар Форум - мобилна театарска претстава која
ги драматизира секојдневните ситуации и проблеми врзани за пандемијата, и
начините за справување со нив, преку интерактивно учество на публиката во
самата претстава. Планот е оваа претстава да гостува во што е можно повеќе
училишта и на локации каде се собираат децата и младите бидејќи досега имала
успех и покажала значајни ефекти врз свеста на учесниците.
Нема коментара:
Постави коментар