уторак, 13. октобар 2020.

СВЕТСКИ ДЕН НА УЧИТЕЛОТ - 5 ОКТОМВРИ

      Професијата учител е благородна професија која го издигнува човекот на еден висок – хуман пиедестал, како личност со високи морални и интелектуални квалитети. Учителот е огледало на воспитно-образовниот процес, а неговата улога во животот на секое дете е единствена и незаменлива.  Тој е модел на позитивно делување на младата популација, која треба да ја насочи правилно кон иднината во сите области на современото живеење. Силно инспирирани и мотивирани од љубовта  и почитта што искрено ја добиваат, наставниците секојдневно продолжуваат по патеката на успехот и победите, заедно со своите ученици. Така беше и денес во нашето училиште, кога учениците низ нивните креации и уметнички творби го одбележаа 5 Октомври - Светскиот Ден на учителот.

Нека е честит Денот на учителот, со желба вечно да се слави!

Одговорни наставничкиИлиева Марија и Трајкоска Сузана

                                                                       5.10.2020 година











Нема коментара:

Постави коментар