По повикот на министерот за образование и наука до училиштата и наставниците за организирање
на е-настава за сите деца, МОН во
соработка со УНИЦЕФ подготвува национална платформа за е-настава. За таа цел
учество земаа и одделенски наставници од нашето училиште кои имаат добри
информатички способности и знаења. Таа платформа ќе понуди видео лекции,
односно разработка на методски единици за сите одделенија и сите задолжителни
предмети. Видео лекциите се во траење од 15-тина минути и се придружени со презентација и
нарација/објаснување од наставничката/наставникот.
Од нашето училиште следните наставници се вклучија во втората
група на подготвени видео часови:
III oдделение
Кети Сталеска, наставен предмет Природни науки, наставна содржина:Отпечатоци и
допир
Линк: https://youtu.be/pV7heKVO9bg
III oдделение Ана Јаневска, наставен
предмет Македонски јазик, наставна содржина: Состав по низа слики
V одделение Виолета Николин,
наставен предмет Македонски
јазик, наставна содржина Песна:
Насекаде празник
Едуино, националната
веб-платформа за образование можете да ја најдете на следната адреса:
Нема коментара:
Постави коментар