уторак, 5. мај 2020.

5 Мај - Ден на македонскиот јазик





По повод  5 Мај - Ден на македонскиот јазик, нашето училиште организираше литературен конкурс на тема:  „Македонскиот јазик, корен на нашето постоење“. Учествуваа ученици од 6 до 9 одд, вклучувајќи го и подрачното училиште од н. Пинтија под менторство на наставничката Елена Ристевска. Од вкупниот број на учесници се воспостави дека оваа тема пројави голем интерес кај учениците, но секако се избраа подобрите од кои ќе се изработи збирка посветена на овој значаен и голем ден. Исто така беше изработен кус сликовит приказ за историјата и развојот на македонскиот јазик.

                                                       Одговрен наставник:  Мишевска Љуба



                                       Збирка на творби на учениците:

Збирката можете да ја видите и превземете на следнава адреса:

https://drive.google.com/drive/folders/1urCsp55a_zwq1JPwZSXrS1zs4iUs4Too 





РЕАЛИЗИРАНА ВОННАСТАВНА АКТИВНОСТ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД

III в одделение во чест на македонскиот револуционер Гоце Делчев

На 04.05.2020 година (понеделник) беше реализирана воннаставна активност на учениците од III в одделение во чест на најголемиот револуционер во историјата на македонскиот народ -  Гоце Делчев (1872 - 1903). На овој начин со учениците ја одбележавме 117 – годишнината од неговата смрт. Тие покажаа интерес и желба за реализирање на оваа воннаставна активност. Со голема љубов твореа и изработија ликовни творби со ликот на Гоце Делчев меѓу кои беа и следниве ученици:  Анел Качапор, Марко Ширјанов, Јована Митрулова,  Кристина Николовска, Маида Изберовиќ, Патрисија Ѓоргиевска и други.
   
                                                      Одделенски наставник: Ана Јаневска


 




Нема коментара:

Постави коментар