Денес 12.02.2020г. во
нашето училиште се реализира планираниот состанок на Ученичката заедница од
прво до петто одделение. Средбата започна во присуство на педагогот Весна
Рафеска, дефектологот Адријана Кукоска и одговорната наставничка Татјана
Трпеска, како и сите ученици – претставници од своите паралелки.
На почеток на учениците им беше презентиран
училишниот весник при нашето училиште ,,Секој нов ден“, во електронска и
печатена форма. Во продолжение, се одржа кратка работилница со учениците преку
откривање на зборот ,,ПРИВАТНОСТ“ со решавање на крстозбор. Потоа низ
интерактивност се откриваа одговори на поставени прашања и проблеми на таа
тема. Учениците беа целосно ангажирани и со голем интерес учествуваа во оваа
училишна активност.
Одговорен наставник:
Татјана Трпеска
Нема коментара:
Постави коментар