На 29.01.2020г. (четврток), по покана од
Кинеската амбасада нашето училиште ООУ,,Рајко
Жинзифов" присуствуваше на промоција на
документарната
емисија во 6 продолженија - ,,Патот на свилата-пријателство". Во серијалот е прикажана соработката на Република Кина и Република
Северна Македонија, поточно пријателството помеѓу Кина и нашето училиште коe датира од пред повеќе години и ќе
продоли и понатаму. Во првата епизода која е наменета за образование, беше претставено
и нашето училиште, како една од образовните институции со кои Република Кина
остварува соработка. Документарната емисија е реализирана
во соработка со националниот сервис МРТ.
Училишен педагог Весна Рафеска
Нема коментара:
Постави коментар