среда, 7. март 2018.

„ПОСАКАВ - БУДЕЊЕ...“





Уредување на холот по повод Патрониот празник на училиштето

Тимот за естетско уредување во согласност со сценариото кое беше под истото мото ,,Посакав - будење...“  го осмисли естетското уредување на просторот. Беа изработени пролетни мотиви на стиропор, декорирани со цветови, пеперутки, птици  и кукла облечена во  цветна креација која асоцираше пролет. Исто така беа осмислени пораки и мудри изреки во корелација со мотото.






Литературен конкурс на тема „Посакав - будење...“

                По повод  патрониот празник но нашето училиште се организираше литературно читање на прозни и поетски творби на тема:  „Посакав - будење...“. На литературниот конкурс учествуваа ученици од трето до деветто одделение, како во матичното така и во подрачното училиште во н. Пинтија. Оваа година за прв пат покрај на македонски јазик се твореше  на англиски и француски јазик. Комисијата се потруди да ги одбере најдобрите и да ги награди со пофалници. Со лични творби учествуваа и наставниците и родителите. Литературното читање се одржа во просториите на училишната библиотека на 16.03.2018 во 10 ч. во организација на одговорните наставници:  Мишевска Љуба, Маја Атанасовска, Макревска Анета, Магдалена Бадарова и Анета Ѓуровска.
             Беа наградени следните ученици:
(Предметна настава)
1.место Ева Карамановска - 8-б одд.
2.место Емељ Чико - 7-б одд.
2.место Тамара Милошевска - 8-а одд.
3.место Јана Велкоска - 7-а одд.

(Одделенска настава)
1.место Ивона Радеска - 4-г одд.
2.место Ема Тарчуговска - 5-б одд.
3.место Сара Ибровиќ - 4-б одд.

(Предметна настава)-творби на англиски јазик
1.место Ева Карамановска - 8-б одд.
1.место Ели Петреска - 8-б одд.
2.место Глорија Стојчева - 9-а одд.

(Предметна настава)-творби на француски  јазик
1.место Лејла Ибровиќ - 6-б одд.

БЛАГОДАРНИЦИ ЗА:
Мира Јовеска - одд. наставник
Ленче Златеска - родител







Mеѓуодделенски натпревар по Англиски јазик
за учениците од 4-то одделение
Во рамките на активностите за Денови на училиштето на 13.03.2018 година (вторник) од 11:00 - 12:00 часот се одржа меѓуодделенски натпревар по Англиски јазик за учениците од 4-то одделение. На натпреварот учествуваа вкупно 20 ученика под менторство на наставничката Александра Колевска.
            IV-a одд. – Димитар Жајковски, Лука Ивновски, Сандра Јаневска, Марко Стефковски, Даниел Тодевски;
            IV-б одд. – Миа Јаневска, Марко Маркоски, Лина Стаменкоска, Анастасија Стојкова, Константин Шоклевски;
            IV-в одд. – Eва Арсовска, Марија Ѓорѓевиќ, Јана Илиева, Христијан Јовановски, Ема Павловска;
            IV-г одд. -  Давид Здравковски, Јана Мирческа, Ивона Радеска, Мила Станковска.
Најголем број поени и прво место освои ученикот Давид Здравковски од IV-г одделение, на второ место е ученичката Ивона Радеска од IV-г одделение, а на трето место е ученичката Марија Ѓорѓевиќ од IV-в одделение.

.





ИСТОРИСКИ ДЕН
14.03.2018г.




Меѓународен натпревар по математика
 „Кенгур без граници-2018

По повод престојниот Патронен празник на нашето училиште и одбележување на Денот на екологија на ден 15.03.2018,  се одржа Меѓународниот натпревар по математика „Кенгур без граници - 2018“. На натпреварот учествуваа 89 ученика од прво до деветто одделение во траење од 75 минути.
Меѓународниот натпревар по математика „Кенгур 2017“ се одржува секогаш на ист ден во цела Европа и на истиот активно учествуваат ученици од сите земји. Целта на овој натпревар е да се зголеми интересирањето за математиката и природните науки, да се зголеми степенот на логичкото размислување кај учениците, како и да се искорити стекнатото знење по математика.


Одговорни:
Предметните наставници по математика





Ликовен ден-ликовен колаж

 По повод одбележување на деновите на училиштето, на 16.03.2018 година беше реализиран ликовен ден: ликовен колаж – творење на тема: „Посакав - будење ...“ Учесници беа учениците од одделенска и предметна настава. Се направија прекрасни изработки со примена на различни техники....  Изработените паноа беа поставени во холот на училиштето, со што се даде придонес во украсувањето на холот за свечената приредба по повод Патрониот ден!
Одговорни наставници:
Одделенска настава-Татјана Трпеска
Предметна настава- Барбара Спасевска


Во рамките на планираните активности по повод одбележување на денови на училиштето на 16.03.2018 година и во подрачното ушилиште во н. Пинтија беше реализиран ликовен ден: ликовен колаж – творење на тема: „Посакав - будење ...“ Учениците од Продолжен престој и од одделенска настава под водство на нивните наставнички со нивните вешти рачиња направија прекрасни изработки со примена на различни техники. Секое одделение имаше своја подтема за екологијата, природата, новото утро... Изработените паноа ќе го красат холот на училиштето.
                                                    Одговорен наставник: Даниела Костадинова






СПОРТСКИ ДЕН

                  На 17.03.2018г. од 9 до 11 часот се одржа спортски ден „Спортуваме и се забавуваме“ во рамките на ДЕНОВИТЕ НА УЧИЛИШТЕТО. По тој повод беа организирани спортски натпревари во фудбал за машки. Во натпреварите зедоа учество ученици од шесто до деветто одделение. Во првиот натпревар помеѓу 8. и 9. одделение победник беше 8. одделение, а во натпреварот помеѓу 6. и 7. одделение победник беше 7. одделение со резултат 4:2.
        Натпреварите кои се одржаа беа од спортски и забавен карактер и сите ученици беа победници.


                               Одговорни наставници (наставници по физичко и здравствено образование):
                                               Маја Грнчиштанова, Јовица Ефтовски и Горан Андреевски


СВЕЧЕНА ПРИРЕДБА

       На 20.03.2018 година беше реализирана СВЕЧЕНАТА ПРИРЕДБА на тема „ПОСАКАВ БУДЕЊЕ“ како последна планирана активност во ДЕНОВИТЕ НА НАШЕТО УЧИЛИШТЕ.
               Во почетокот пред голем број гости и родители имаше обраќање кон присутните директорката Елизабета Славковска, а воедно ја искористи  можноста и да ѝ го честита, во свое име и во име на целиот колектив, одењето во пензија на нашата ценета колешка - училишниот педагог Јорданка Радевска, и да ѝ посака долги и среќни пензионерски денови.



        Во продолжение на приредбата настапија учениците со низа точки во чија подготовка и реализација учествуваа и голем број одделенски и предметни наставници.
1.      Песна Crazy dream - III одд. (Вики Николин)
2.      Водителки + поздравен говор на директорката
3.      Кратки изреки - V одд. (Маја А.С.)
4.      Ритмичка точка "Pink Panter" - I одд. (Билјана Илиева)
5.      Извадоци од песни - рецитирање - V одд. (Мира)
6.      Песна „Сакам да сум свој“ - IV одд. (Мануела)
7.      Говорење на англиски јазик - мудри мисли - IX одд. (А.Макреска)
8.      Песна „Dreamer“ + I одд. (Елена Стојановска)
9.      Музика за француски па Цитати на француски јазик - VIII одд. (А.Ѓуровска)
10.  Песна „Крајно време е...“ + II одд. (В.Димишковска)





Нема коментара:

Постави коментар