Општина Кисела Вода, преку Секторот за образование,
предучилишно воспитување, култура и спорт во соработка со основните училишта по
11- ти пат свечено го одбележа Денот на мајчиниот јазик. Во присуство на градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на
Советот и раководителот на Секторот за образование, предучилишно воспитување,
култура и спорт, беше одржана пригодна свеченост на која учениците од Општината
се претставија со музички и ритмички точки, а беа доделени и наградите за
најуспешните од конкурсот на тема ,,Мајчиниот јазик – културен и историски
белег на нашата татковина“.Се работеше за литературен и ликовен конкурс на кој
активно учество зедоа учениците од основните училишта од општината поделени во
две категории. Во првата беа ученици од прво до петто одделени, а во втората
основците од шесто до деветто одделение.
Литературни
творби - I категорија
III Место Инес
Стојчевска V–а, ООУ ,, Рајко Жинзифов“. Ментор: Богданка Пановска
Литературни творби - II категорија
III Место (проза) Ева Карамановска VII–
б, ООУ ,, Рајко Жинзифов“. Ментор: Љуба Мишевска
ОПШТИНСКИ НАТРЕВАР
ПО
ПРИРОДНИ
НАУКИ ЗА ЧЕТВРТО ОДДЕЛЕНИЕ
На 03.03.2018 год. во ООУ,, Круме Кепески“, Кисела Вода се одржа Општински
натпревар по Природни науки и Биологија за учениците од IV до IX одделение.
На ниво на четвртите одделеније учествуваа
ученици од IV–б и од IV-г одделение под менторство на наставниците: Мануела Маркоска и Даниела
Костадинова.
Од IV–б одделение беа учениците:
Сара Ибровиќ, Миа
Јаневска,Марко Маркоски, Матеј Колигов под менторство на Мануела Маркоска.
Од IV-г одделение беа учениците:
Ивона Радеска, Марко
Николовски, Јана Мирческа и Мила Станковска под менторство на Даниела
Костадинова.
Подготвени ги чекаме резултатите од
општинскиот натпревар за да видиме кој ќе учествува на регионалниот натпревар
по природни науки што ќе се оддржи на 15.04.2018 година.
одд.наставник:
Даниела Костадинова
ПРОЕКТ „Рециклирање кажи - ДА“
Со цел да ја зачуваме
животната средина и да ја подигнеме еколошката свест во нашето училиште се реализира проектот
„Рециклирање - кажи ДА“ во соработка со фирмата за рециклирање пластика ПАКОМАК.
За месец февруари
собрани се 4925 стари пластични шишиња во
централното училиште и 1625 пластични шишиња во подрачното училиште или вкупно 6550 стари
пластични шишиња.
Се наградува IV – в одделение кое има
собрано вкупно 844 пластични шишиња.
Се наградува ученикот Милош Милошески од
I – б кој има предадено
388 пластични шишиња.
Се наградува IV – г одделение - Пинтија кое има собрано вкупно 616 пластични шишиња.
IX – г одделение добива
пофалница.
Училиштето за
наградените ученици и одделенија обезбеди скомни награди.
Нема коментара:
Постави коментар