На 23.02.2017г. се одржа состанок на Активот на одделенска
настава на кој беа презентирани главните
наоди и препораки од националната студија за процена на јазичната и
математичката писменост кај учениците од почетните одделенија
Процената на јазичната и математичката писменост кај
учениците од почетните одделенија, преку инструментите ЕГРА (за јазична
писменост) и ЕГМА (за математичка писменост) ни овозможуваат да увидиме дали
децата успеале да ги совладаат основните јазични и математички вештини врз чија
основа се надградуваат сите други вештини во животот, и доколку тоа не е
случај, во кои области на учениците треба да им се обезбеди дополнителна
поддршка. Оваа информација е од суштинско значење за подобрување на квалитетот
на образованието во основните училишта во Република Македонија.
Првата студија за процена на јазичните и математичките
вештини со ЕГРА и ЕГМА инструментите на национално ниво беше спроведена во мај
2016 година на репрезентативен примерок од 8000 ученици на македонски, албански
и турски наставен јазик од сите основни училишта во земјата.
ЗОШТО
процените се вршат во почетните одделенија?
• Способноста да се прочита и разбере едноставен текст
е една од основните вештини што треба да ја научи едно дете
• Научните истражувања покажуваат дека способноста да
се научи да се чита доволно брзо уште на рана возраст е од суштинска важност за
детето да научи да чита течно и со разбирање
• Доколку детето не научи да чита и не ги совлада
основните математички концепти и операции на рана возраст, подоцна е потешко да
се стекнaт тие вештини
• Во Македонија нема доволно податоци за читањето на
учениците од почетните одделенија на национално ниво
Нема коментара:
Постави коментар