понедељак, 13. фебруар 2017.

ВО ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА



Во кабинетот на Претседателот на Република Македонија на 10.02.2017 година во 13,00 часот се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.
Менувањето на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот Ѓорѓе Иванов го изврши градската единица на Армијата на Република Македонија.
Манифестацијата на менувањето на државното знаме се спроведува со цел подигнување на чувството на почит кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.
На церемонијата присуствуваа ученици од  ООУ “Рајко Жинзифов“ од подрачното училиште од н. Пинтија. Имено цела паралелка 2-г  со подршка од родителот Горан Стојчевски  имаа можност и со задоволство ја проследија церемонијата за свеченото менување на државното знаме. Директорката на училиштето Елизабета Славковска на претседателот му подари скромен подарок како благодарност за укажаната прилика за учеството на нашето училиште на церемонијата. Учениците имаа можност да  видат и дел од просториите на претседателската резиденција.






Нема коментара:

Постави коментар