уторак, 17. јануар 2017.

НАБАВКА НА НАГЛЕДНИ СРЕДСТВА


Според Планот за развој на училиштето 2016/2017-2018/2019 од развојната цел: Постигнување повисоко ниво на мотивација кај учениците и подобрување на редовноста во училиштето,  една од активностите е набавка на нагледни средства.
Во текот на учебната 2016/2017 год. во месец декември училиштето направи набавка на нагледни средства за потребите во одделенска настава и тоа дидактички материјали за математика од прво до шесто одд., постери : азбука и правилна исхрана, лупи и географски карти на Р.Македонија.
Се изврши и набавка на 221 лектирно издание за потребите на учениците од второ до деветто одд. при што се зголеми библиотечниот фонд на библиотеката во нашето училиште.





Нема коментара:

Постави коментар