Проектот “Традиционална
македонска посна трпеза”, со поддршка од
општина Кисела Вода, се реализира веќе четврта година и има за цел зачувување
на традиционалните вредности преку приготвувaње на храна по рецепт
на нашите баби кои пак користеле свежи продукти од природата, без конзерванси,
што е особено важно за здравјето на децата.
На настанот на кој присуствуваа бројни
гости, беа истакнати заложбите на општина Кисела Вода за здрава исхрана на
учениците. Посните
македонски традиционални специјалитети и годинава беа подготвени од родителите
со учениците, наставниците
и соработниците од сите општински училишта од овој дел на градот.
Нашето
училиште зема учество во реализација на проектот и се претстави со своја богата
традиционална трпеза и за тоа доби Благодарница од организаторот.
Нема коментара:
Постави коментар