уторак, 27. децембар 2016.

ПОДАЈ РАКА ОД СРЦЕ ДА СЕ САКА

Учениците од V-г одделение од подрачното училиште во Пинтија, заедно со својата наставничка Кети Сталеска организираа хуманитарна ликовна изложба под мотото:

     

 Од почетокот на учебната година учениците вредно цртаа, сликаа, обликуваа и дизајнираа ликовни творби и истовремено со голем интерес учеа за ликовниот јазик (ликовните елементи, принципи, подрачја, техники). Стекнатиот  труд и знаења успешно ги сумиравме презентирајќи ги пред учениците од I, II, III, IV одделение и нивните одделенски наставници и останатите вработени и ученици од училиштето кои покажаа интерес за посета на изложбата.


Хуманитарната ликовна изложба се одржа (петок и понеделник) на 9. и 12.12.2016г. Секое одделение беше покането со покана и изложбата ја посети засебно, водено од 4 тима со по 6 ученици кои имаа различни задачи како презентери, организатори и водичи на ликовната тура, публицисти. Еден ученик од нашето одделение ја имаше улогата на менаџер на целокупниот проект,  а двајца ученици беа задолжени за фотографирање. Додека нашите гости ги разгледуваа цртежите и останатите изработени творби, двајца ученици играа шах, на една од творбите кои се изработени од учениците, а истовремено група од ученици моделираа од глина: Музичар со иструмент, како вистински уметници. При посетата на ликовната изложба посетителите донираа училишен прибор и заедно со приборот кој е дониран од  учениците од 5-г одделение ќе биде организирана посета на деца без родители и истиот ќе им биде подарен. Но, најважна  цел од оваа средба беше дружбата, ширењето нови познаства и искуства. Во завршниот дел на ликовната изложба, нашите посетители беа почестени со бонбончиња, пораки со мудри мисли и им беше врачена БЛАГОДАРНИЦА.
        Проектот е реализиран со подршка на директорката Елизабета  Славковска, на која исто така и се врачи БЛАГОДАРНИЦА.                                                           
                                                               



                                                                         Одговорен наставник: Кети Сталеска





  

Нема коментара:

Постави коментар