уторак, 27. децембар 2016.

Од посетата на домот за деца без родители „11 – Октомври“, Скопје

На  26.12.2016г. учениците од 5-г одделение од подрачното училиште од  Пинтија заедно со својата наставничка Кети Сталеска ги посетија децата од домот за деца без родители „11 – Октомври“, Скопје. Целта на посетата беше да се развиваат хуманоста, солидарноста, соработката, другарството кај учениците - вештини кои им помагаат на учениците за правилен социо-општествен развој како индивидуи. Другарчињата заедно со своите воспитувачки топло не пречекаа. За нашата посета се потрудиле да подготват различни ритмички точки за радосен дочек на Новата година со кои се претставија. Потоа и учениците од 5-г одделение се претставија со своја ритмичка точка на песната - Kalimba - Mr. Scruff  со која ги воодушевија присутните. Децата се запознаваа меѓусебно, другаруваа, танцуваа, се забавуваа. При крајот на посетата еден ученик кој беше маскиран како Дедо Мраз им ги подели новогодишните честитки изработени од вредните раце на учениците од 5-г одделение и подароците - училишниот прибор. На радоста и немаше крај. Насмевки и задоволство на секаде. Во знак на благодарност добивме врамена слика изработена од вредните рачиња на децата од „11 – Октомври“ и БЛАГОДАРНИЦА. Исто така со желба за подолготрајна соработка им подарив примерок од мојата книга „Учење преку игра“. 
                                                     Одговорен наставник: Кети Сталеска




Нема коментара:

Постави коментар