Согласно годишното планирање на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието со
партнерското училиште ЦОУ„Алија Авдовиќ“-с. Батинци се започна со реализација на заедничка долготрајна активност под наслов
„Убавините на различностите“ која ќе се
реализира во повеќе работилници во текот на оваа полугодие.
Првата работилница под мотото „Заедничко пролетно цртање“ се
одржа на договорената дата 24.03.2015г. (четврток) во просториите на ООУ„Рајко Жинзифов“. Во
договорениот термин пристигнаа учениците од ЦОУ „Алија Авдовиќ“ заедно со
нивните наставници и членови од тимот за МИО. Од нашето училиште наставници кои
се реализатори на оваа активност се Маја А. Спасеска и Моника Трајковска, како и училишниот психолог
и педагог.
Во
работилницата беа вклучени по 12 ученика или
вкупно 24 од вторите одделенија изедначени и по етничка и по полова еднаквост.
По случаен избор се формираа групите за работа. За цело време на активноста
напоредно се користеа двата јазика т.е. се зборуваше на македонски и албански
јазик.
Активностите
на учениците беа грижливо одбрани за да можат да се запознат, соработуваат,
дружат и да учат едни за други.
Ликовните
творби заеднички ги залепија на едно заедничко пано.
Покрај
заедничко ликовно творење учениците имаа можност да ги именуваат цртежите на двата
јазика.
На
крајот од работилницата учениците добија
по една вкусна ужинка.
Училишен педагог
Весна Рафеска
Нема коментара:
Постави коментар