Согласно Годишната
програма за работа на училиштето за учебната 2014/2015 година на 20 март
(петок) во нашето училиште се реализираа активности за одбележување на Денот на
пролетта.
Учениците од предметна настава заедно со класните
раководители беа вклучени во расчистување и уредување на училишниот двор.
Свој
придонес дадоа и вработените од техничката служба.
Особено внимание се посвети на уредување на зелените површини во училишниот
двор.
Наставниците од одделенска настава заедно со своите
ученици се потрудија и ги уредија своите училници и училишни холови во пролетен амбиент.
Нема коментара:
Постави коментар