Во рамките на
годишната програма на училиштето: ООУ „Рајко Жинзифов“ - н. Драчево, беше одбележан ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ. За таа цел, на 26. 09. 2014г. со почеток во 12. 30 часот, во
холот на училиштето, беше реализирана пригодна програма. Во неа учествуваа
учениците од I до IX одделение од централното училиште и од подрачното
училиште во Пинтија. Носители на програмата беа наставниците по англиски јазик:
Магдалена Бадарова, Анета Макревска, Маја Димеска и наставниците по француски
јазик: Наталија Делева и Анета Ѓуровска Арсовска, со потполна поддршка на
педагошко - психолошката служба на училиштето. Дел од програмата беа изведба на
рецитали, стихотворби и брзозборки на англиски и француски јазик и
интерпретација на англиски песни и француски шансони, поткрепени со
кореографија. Свое обраќање до присутните имаше и директорот на училиштето Стефче
Василевски. На приредбата и претходеше неколкудневна подготовка. Покрај наставниците од училиштето, помеѓу
присутните беа и наставници и директори од основните
училишта од општина Кисела Вода, родители и ученици од ООУ „ Рајко Жинзифов“, како и
г-ѓа Елизабета Јаневска од одделот за образование при општина Кисела Вода , г-ѓа
Кети Димковска, советник за француски јазик при БРО, г-ѓа Марија Николова,
советник за Франкофонија при МОН.
Нема коментара:
Постави коментар