Вака некогаш изгледаше нашето училиште, а денес изгледа вака:
ООУ “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство”
Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ, заедно со амбасадорот на НР Кина во Македонија, Вен Џеншун, министерот за образование и наука на Република Македонија Абдилаќим Адеми, на 1.септември 2014г. ја пресекоа лентата и ги отворија вратите на на новоизграденото училиште во населбата Драчево ООУ “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство”.
Отворањето на овој објект претставува исполнување на едно големо ветување дадено пред жителите на општина Кисела Вода, пред се’, на населбата Драчево-истакна градоначалникот Беличанец-Алексиќ, осврнувајќи се на лошите и недостоинствени услови во бараките изградени во 1964 година во кои беше сместено училиштето и во кои бројни генерации го заокружиле својот образовен процес.
Објектот кој постоеше на ова место замина во историјата, а ги отворивме вратите на едно современо општинското основно училиште “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонско пријателство”.
Благодарност беше упатена и до ОУ “Кузман Шапкарев” и Државното училиште за средно образование “Браќа Миладиновци”, кои за периодот, додека траеше изградбата на новиот објект им укажаа гостопримство на учениците од “Рајко Жинзифов”, давајќи им простор за редовно одвивање на наставата.
Во истиот ден започна новата учебна година и во нашето подрачно училиште во населба Пинтија каде беше организирана приредба за свечен прием на првачињата под мотото „Во светот на бројките и буквите“ во која учествуваа учениците од второ до шесто одделение.
СРЕЌНА И УСПЕШНА УЧЕБНА
ГОДИНА!
Нема коментара:
Постави коментар