понедељак, 26. октобар 2026.

Недела на кодирање (Code Week)

 Учество во Неделата на кодирање (Code Week)

Нашите ученици од 4а одделение и оваа година активно учествуваа во Неделата на кодирање (Code Week), која традиционално се одржува во месец октомври. Преку интересни, креативни и интерактивни активности, учениците ги развиваа своите дигитални компетенции, логичкото размислување, креативноста, способноста за решавање проблеми и вештините за програмирање. Активностите беа реализирани преку игри, предизвици и задачи прилагодени на возраста на учениците, поттикнувајќи учење преку истражување и практична работа. Оваа година учениците кодираа со помош на дропки. Тие имаа задача да откријат еднакви дропки и да обојат според дадената шема за боење. Учеството во оваа иницијатива придонесе за приближување на учениците до светот на кодирањето и технологијата, поттикнувајќи љубопитност, иновативност и тимска работа. Кодирањето е повеќе од програмирање – тоа е учење да размислуваме, да истражуваме и да создаваме!




Нема коментара:

Постави коментар

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.