среда, 10. децембар 2025.

Реализирана работилница Родител во улога на наставник

На 09.12. во нашата училница во 4-д одд. имавме прекрасен гостин ...на гости ни дојде медицинска сестра која во улога на наставник ни ја приближи за момент нејзината професија.

Најпрво преку презентација не запозна со нејзината установа во која работи ЈЗУ Клиника за детска хирургија, објасни за секој оддел ,ни опиша како изгледа еден нејзин работен ден, со кои инструменти работи ,кој и е потребен прибор ...за да на крај секој еден ученик го облече во нејзината работна облека.

Колку само воодушевување имаше во очите на малите слушатели кај кои можеби ќе се побуди интерес за оваа благородна професија.

Слушнавме за добрите, но и за лошите страни , за безброј откажувања, но и за хуманоста која ја отсликува секој кој ја работи токму оваа професија.

Целта на оваа работилница беше запознавање со професијата, хуманоста, подигнување на свеста за сопственото здравје и побудување интерес за различен вид професии.

Огромна благодарност до родителот !             

Одговорен наставник Елена Стојановска









Нема коментара:

Постави коментар

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.