петак, 4. октобар 2024.

Извештај од реализираната посета во Природонаучен музеј


На ден 03.10.2024год. учениците од III-г и III-д одд. од подрачното училиште реализираа посета во НУ- Природонаучен музеј на РС Македонија-Скопје.

Се здобивме со многу нови знаења за природното богатство и биолошката разновидност на нашата територија ,но си повторивме и за изученото во училиште за сличности и разлики на скелетот кај животните и човекот ...Не пречека тетка Лиле и цели 2 часа се обиде да го задржи нашето внимание раскажувајќи за најстарите фосили потоа за фосилните остатоци од изумрени видови на слонови, жирафи и други праисториски животни кои живееле на територијата на денешна Р.С Македонија.Следуваа витрините со растенија, безрбетниците,цицачите...

Потоа за крај ја посетивме и тематската изложба во склоп на музејот „Македонска медоносна пчела“.

Одлично искуство,кое вреди да се доживее!!!


                                                                       Одговорен наставник:

                                                                            Елена Стојановска

                                                                     









Нема коментара:

Постави коментар