На 02.09.2024 година се одржа Свечен прием на првачињата во нашето училиште. Учениците од второ одделение под менторство на своите одделенски раководители подготвија приредба и им посакаа топло добредојде на своите другарчиња- првачиња преку игра, песна и рецитали. На присутните им се обрати директорот на училиштето Горанчо Јакимов и градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓоргиевски. За секое прваче беше обезбеден и доделен ранец и училиштен прибор, подарок од општина Кисела Вода.
Драги ученици , бидете мудри, креативни и трудољубиви, уживајте во новиот дел на патувањето низ школувањето ! Среќен почеток !
Одговорни наставници :
Маја Атанасовска Спасеска / Горица Станковска
Билјана Шоклевска
Цветанка Ѓорѓиевска / Моника Цаневска
Нема коментара:
Постави коментар