четвртак, 29. април 2021.

ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРВАЧИЊА

 

ООУ„Рајко Жинзифов“-н.Драчево, Кисела Вода

ВРШИ ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРВАЧИЊА

за учебната 2021/2022 година

Почитувани родители/старатели,

        Врз основа на Законот за основно образование во прво одделение се запишуваат деца кои до крајот на календарската година ќе наполнат 6 години (родени во 2015г.).

       Децата родени до 31.01.2016 година можат да бидат запишани по претходно барање од родителот/старателот и добиено мислење од педагог или психолог во училиштето.

       Уписот започнува од 1. мај и ќе трае до 31. мај 2021 г. секој работен ден од 09.00 до 13.00 часот во просториите на училиштето, а во Пинтија секоја среда во месецот.

При уписот задолжително  е присуство на првачето и родителот/старателот

 Потребни документи:

   1. Потврда за примени задолжителни вакцини за детето;

    2. Потврда од стоматолошки преглед;

    3. Потврда од офталмолог (очен специјалист);

    4. Извод од матична книга на родените (фотокопија);

    5. Лична карта на еден од родителите(на увид).

   Училиштето запишува деца во продолжен престој и класична настава.

 

             е-mail: rajko_zinzifov@yahoo.com      Тел. за контакт 070 344 279

 

Направете правилен избор, ве очекуваме да другаруваме, да се радуваме!

 

                                   Директор: Љубица Наумовска


уторак, 27. април 2021.

УЧИЛИШЕН ПАРЛАМЕНТ

 

Во текот на април 2021 година со членовите на Училишниот парламент се одржаа он лине средби на ТЕАМС.

На состанокот  Педагогот го презентираше  извештај за работата на училиштето на крајот од третото тримесечје  во учебната 2020/21г. година со посебен осврт на постигнатиот успех и поведение на учениците. Учениците се вклучија со свои констатации дека сегогаш може и подобро и повеќе да се постигне. Исто така секој претставник од паралелката се произнесе за случувањата во паралелката, односно дадоа увид за одредени потешкотии од технички причини што им се случуваат за време на он лине часовите.  Беше посочено дека доколку се случи некој вид на било какво сајбер насилство да се пријави до Училишниот правобранител.

Во тековни информации се разговараше за активностите поврзани со деветодделенците во врска со професиооналната ориентација, објавување на интерен конкурс за избор на првенец на генерација и активностите поврзани со реализација на истиот.

Со членовите на Училишниот праламент од одделенска настава се реализираше работилница Приказната на „другиот“ преку која се постигнаа следните знаења, вештини и ставови:

-Знаат за медиуми и емисии кои се соодветни за нивната возраст; умееат да бараат различни информации од различни медиуми; умеаат  да споредуваат информации за ист настан добиени од различни медиуми; ја согледуваат важноста од целото и сестрано информирање.

                                                                                           Педагог: Весна Рафеска



Активности за превенција од врсничко насилство на социјалните мрежи под мото: „Играта на зборови може да повреди“

 

       Црвен крст на Република Северна Македонија - Општинска организација Кисела Вода во соработка со одделението за превенција при СВР Скопје, реализираше проект насловен како: "Играта на зборови може да повреди". Проектот е финансиски поддржан од фондот за развој на проекти при Црвен крст на Република Северна Македонија.

           Во првата фаза од проектот,  се работише на полето на превенција со што во  нашето  училиште се одржаа  онлајн информативно - едукативни предавања во времетраење од 60 минути (два блок-часа) во која беа вклучени учениците од осмо и деветто одделение.  Учениците со наставниците, педагогот и директорот на училиштето едукацијата  ја следеа  преку веќе воспоставен on-line meeting  на TEAMS.
      Учениците имаа можност да се запознаат со „Сајбер насилството“ како предизвик на модерното доба, закана за сите млади генерации кои голем дел од своето слободно време го поминуваат другарувајќи „он-лине“.

          Предавањето имаше интерактивен карактер со можност на учениците да се вклучуваат со свои искуства и прашања.

          Сите едентуални несакани ситуации учениците имаат можност да ги пријават на следната  е-маил адреса и телефонски број:

 mladi.kiselavoda@redcross.org.mk                     071 30 30 11

                                                                                         Педагог: Весна Рафеска



Е Твининг проект „The Village Of Our Dreams“

 

Е Твининг проект „The Village Of Our Dreams

 Земји учесници на проектот: Македонија, Хрватска, Џорџија, Италија, Полска, Романија, Словенија, Турција и Украина.

Со завршување на проектот во целост училиштето ООУ„Рајко Жинзифов“ - н. Драчево, Скопје втор пат се здоби со ознака за квалитет на проектот  од  Национална агенција за европски образовни програми и мобилност Erasmus +.

                               Одговорен наставник : Маја Атанасовска Спасеска




Учество на натпревар по математика ПИ-ДЕН

 

Нашето училиште изобилува со ученици кои ја сакаат математика. Решавањето задачи е вистинско задоволство. Од таа причина некои ученици посакаа да си ги измерат силите на математичкиот натпревар ПИ-ДЕН. Првото учество беше значајно искуство за Теа Спасовска и Андреј Станковски од 4-г одд., ученици под водство на одделенскиот наставник Кети Сталеска, како и ученикот Јан Петрушевски од 5-а одделение, одделенски наставник Весна Стевановска. Сите се здобија со пофалници и желба за повторно учество.

                                 Одделенски наставници/ментори - мотиватори:

                                         Кети Сталеска и Весна Стевановска



петак, 23. април 2021.

СВЕТСКИ ДЕН НА КНИГАТА

 






Книгата нашиот најдобар пријател

 

Книгата е знаење

Книгата е моќ

Без неа и нејзината поука

Сме како без светло во ноќ

 

Таа ги описменува  сите држави и народи цели

Напишани по тие страници бели

Непознато чувство во нас ке се роди

Таа во животот секогаш ке не води

 

Секој што вредноста не и ја знае

Секој што секоја реченица не ја посвојува

Секогаш ке се кае

Бидејки книгата на секого срцето му го освојува


Таа ти е најдобар пријател знај

Во рака држи ја до крај

Најголемо богатсво е мое

Прочитај ја ке видиш ке биде и твое

 

Изработила - Софија Богдановска 8г одд

Ментор: Елена Ристевска




Општински натпревар по англиски јазик


На 17.04.2021 год, преку платформата MS Teams се одржа Општински натпревар по англиски јазик со учениците од V до IX одделение,

Учениците од нашето училипте ги постигнаа следните резултати:

 

V одд. (ментор Александра Колевска)

2 место: Јан Петрушески

3 место: Јована Цветковиќ

 

VI одд. (ментор Маја Димеска и Магдалена Бадарова)

1 место: Антонио Стојчески

1 место: Андријана Стојановска

 

VII одд. (ментор Маја Димеска)

1 место: Ивона Радеска

2 место: Јана Стамкова

 

 VIII одд. (ментор Анета Макревска)

1 место: Леа Петрушеска

1 место: Матеј Јаневски

 

IX одд. (ментор Анета Макревска)

2 место: Анастасија Манчевска

2 место: Ана Крстевска

 

Сите ученици се пласираа за учество на Државен натпревар.


Добитници на награди по објавен Конкурс од страна на МОН по повод на „100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески“

 



По повод одбележувањето на 100- годишнината од раѓањето на Блаже

Конески, согласно Националната програма „2021- Година во чест на Блаже

Конески“ и Заклучокот на Владата на Република Северна Македонија бр.40-

2047/1 од 09.02.2021 година, Министерството за образование и наука на ден

11.03.2021 година објави Конкурс за ученици од основното образование

инспирирани од делата на Блаже Конески.

Согласно критериумите утврдени во Конкурсот, Комисијата формирана

со решение број 12-4653/579 од 06.04.2021  година   избра   најдобра поетска

творба и најдобар расказ:

 

1.    Никола Арсовски V-б одд. наставник: Марија Илиева

2.    Матеј Колигов VII-б одд. наставник: Љупка Мишевска

 

Согласно критериумите утврдени во Конкурсот, Комисијата формирана

со решение     број 12-4653/579  од  06.04.2021  година   избра      најдобра

ликовна творба/фотографија:

 

1.Дарис Ибишовски III-б одд. наставник: Билјана Шоклевска


уторак, 13. април 2021.

„Во здраво тело, здрав дух“

                                                            „Во здраво тело, здрав дух“

Учиме за придобивките спортувањето и за ракометот со познатиот македонски репрезентативец Филип Миркулоски


За едно дете правилно да се развива важно е да спортува. Придобивките се многубројни.

 

-         Здрав физички развој

-         Силни коски и мускули

-         Поголема самодоверба и подобро расположение

-         Можност да се запознаат и создадат нови другарства

-         Подобри резултати во училиште

-         Создаваме тимски дух

-         Добиваме признанија и награди

-         -Учиме нови вештини

-         Понекогаш губиме, но учиме да се справиме со загуба и градиме натпреварувачки дух

-         Корисно го исполнуваме слободното време

Затоа ние учениците од четврто одделение заедно со нашата наставничка го повикавме познатиот македонски ракометар Филип Миркулоски, вујко на нашата другарка Руби Костовска, да ни раскаже за спортот и ракометот, неговите искуства и совети.  

На часот ни гостуваа одделенската наставничка Ана Јаневска, наставничката по ФЗО Елеонора Живковиќ, педаготот Весна Рафеска и директорката Љубица Наумовска. Часот го одржавме во понеделник 12.04.2021г. Го започнавме со презентација подготвена од наставничката Кети Сталеска. Секој ученик, но и гостинот интерактивно можеше и се вклучуваше и сите заедно си раскажувавме за спортот и ракометот. Научивме многу нови нешта. На крајот од часот поставуваме прашања до гостинот, а тој со задоволство ни одговараше. Овој час предизвика големо задоволство и возбуда кај сите. Бидејќи се покажавме како добри домаќини, гостинот ни вети дека кога ќе се промени состојбата со пандемијата, ќе дојде да не посети во живо и заеднички да одржиме практичен час по ФЗО и дека ќе не покани да гледаме еден спортски натпревар од трибините додека тој и неговите колеги ракометари ќе се борат да освојат златен пекар, победа за Македонија. Каква беше атмосферата на часот можете да видите од фотографиите и линкот од видеото. 

                                                               Одговорен наставник: Кети Сталеска 




петак, 2. април 2021.

2 Aприл - „Светски ден на детската книгa“ (International Children Book Day)

 

          Во чест на роденденот на холандскиот автор на детски книги Ханс Кристијан Андерсен, чија волшебност на неговитe приказни и ден денес достигнува до нас, секоја година се одбележува Светскиoт ден на детската книгa за да ја инспирира љубовта кон читањето и да го сврти вниманието кон детските книги.

          Ханс Кристијан Андерсен е еден од најголемите писатели на бајки. Ги проширувал, развивал народни мотиви во нив, но и создавал вистински дела. Неговите приказни се читливи, разбирливи и лесно се занесуваат во нивната содржина, као децата, така и возрасните. Тој комуницирал со децата и создавал толку впечатливи дела затоа што пишувајќи и самиот тој размислувал како дете. Такви се неговите приказни: „Грдото пајче“,  „Царевото ново руво“, „Оловниот војник“, „Малечката сирена“ и други.

    Во 1958 година УНЕСКО формира Меѓународен Златен медал по името на Андерсен, нарекуван уште и Мала Нобелова награда. Еднаш на две години оваа награда ја добиваат најдобрите писатели и сликари - илустратори на детски книги. Наградувани се Астрид Линдгрен, Селма Лагерлеф, Туве Јансон, Луис Керол и други.

  Најголемо задоволството е со читањето да се откриваат тајните на волшебниот свет и да се патува низ просторот и времето. Тој свет ќе го најдеме вткаен во приказните и бајките на писателите на детска литература. Додека читаме ќе одлетаме на крилјата на фантазијата во непознати земји и ќе го доживееме сето она што го доживеале јунаците во приказните и бајките.

 Бајките ги оплеменуваат децата. Тие во нив ги развиваат најубавите чувства: правдата, вистината, љубовта на човекот кон човекот. И токму поради тоа, бидејќи децата ги прават подобри, поубави, посочувствителни, бајките се читаат и учат во сите училишта во светот.

       Во Македонија попознати и позначајни дела во детската литература кои носат универзални и вонвременски пораки се: „Шеќерна приказна“ на Славко Јаневски, „Волшебното самарче“ на Ванчо Николески, „Белото циганче“ на Видое Подгорец, младешките теми во делата на Горјан Петрески, како и автори кои пишувале дела за деца, а веќе биле афирмирани како писатели за возрасни: П.М. Андреевски - „Шарам барам“, Томе Арсовски - „Дедо Мраз и Феферона“, Михаил Ренџов - „Ангела сонува“, писателките за деца, како Бистрица Миркуловска, Славка Арсова, Косара Гочковска, Славка Манева, Јадранка Владова, Оливера Николова, чија лектира „Зоки Поки“ е прогласена за најпопуларна книга за деца на македонски јазик.

                                                       Никола Станковиќ – училишен библиотекар