Во текот на август и септември
2020 година, согласно препораките на МОН и Министерството за здравје, нашето
училиште спроведе низа активности за подготовка за почетокот на учебната
2020/2021 година. За таа цел беа изготвени соодветни протоколи за изведување на
наставата (он-лајн настава и настава со физичко присуство), соопштенија за
учениците и нивните родители, информативно-едукативни паноа и постери за
начините на однесување во училиштето и начините за заштита од вирусот Ковид 19.
ООУ „Рајко Жинзифов“ - Кисела Вода -
Скопје Симбол на
пријателството на Кина и Северна Македонија Ул. Иван Хаџиниколов бр.2
тел.(02)2791 025 rajko_zinzifov@yahoo.com
Согласно Планот и Протоколот за одржување настава во
основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година, ООУ „Рајко Жинзифов“, Кисела Вода го дава следново:
С О О П Ш Т Е Н И Е
v Наставниот
процес во училиштето се одвива во период од 07:00 часот до 20:00 часот.
v Училиштето за влез и
излез на учениците
ги става во функција сите влезови на училишната зграда по изготвен
распоред за влез/излез со
различно време на влегување и излегување на учениците за секое одделение;
v За
влез/излез учениците ги користат : Влез: I, II и
III;
v За
влез/излез на вработени и останати се користи: Влез IV;
v Вработените,
учениците и сите останати при влезот
во училиште задолжително ги дезинфицираат обувките и рацете.
v На сите вработени и останати им се мери телесна температура пред влезот на училиштето со
безконтактен топломер и во случај на зголемена температура (над 37.4°)
вработениот се упатува кај матичен лекар.
v На учениците пред влезот на училиштето, им се мери
телесна температура со безконтактен топломер. Во случај на покачена телесна температура (над 37.4°) не се дозволува влез на ученикот во училиште и родителот се упатува на консултација кај матичниот лекар на ученикот. Децата со знаци на други
заразни болести исто така не смеат да доаѓаат на училиште.
v Вработените
во училиштето и учениците при влегување во училиште, за време на престојот во
училиште и за време на наставата задолжително
ја почитуваат мерката за
физичка дистанца од најмалку 1,5 метар и носат заштитна маска/покривка на
лице
v Родителите/старателите ги испраќаат учениците
до назначениот влез
на училиштето им се
забранува нивно влегување во училиштето, освен за
родителите/старателите/образовните асистенти на учениците со посебни
образовни потреби со задолжително носење на маска/прекривка на лицето.
v Испораките за потребите на училиштето ја преземаат вработени од технички персонал во училиштето од
службениот
влез на училиштето (Влез
IV), а главниот влез е дозволен само на сервисерите и другите служби чии
услуги се неопходни (пр. спроведување на превентивни и анти-епидемични мерки
како што се проверка на вода за
потрошувачка, безбедност на храна и др.) со задолжително почитување на
мерката за дезинфекција на рацете и доколку е потребно носење заштитна маска/прекривка и заштитници за обувките.
v Да се избегнува влегување на други лица
(на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека
учениците се наоѓаат во нив, како и влегување во училишната зграда на лица
кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици на тоа училиште.
Директор: Љубица Наумовска
|
Исто така беше извршена и подготовка
на приодите во училиштето, училишниот двор, ходниците, тоалетите и училниците.
Нема коментара:
Постави коментар