понедељак, 29. јун 2020.

„Се забавуваме и учиме низ игра“



         По  иницијатива на одделенските наставнички Мануела Маркоска и Виолета Николин во месец мај започна проектот ,,Учиме и се забавуваме низ игра“. Нивниот предлог со задоволство беше прифатен  од директорката Љубица Наумовска, за што  даде морална поддршка, но и соодветни средства и материјали за негова реализација. Исто така  нивниот предлог со задоволство го прифатија колешките од одделенска настава: Ана Јаневска, Ирена Ѓоршевска, Елизабета Младеновска, Татјана Трпевска, Цветанка Гајдовска, Горица Арсовска, и предметните наставници Сандра Трпчевска и  Даниел Манасиев. По обезбедување на  соодветен материјал и средства за работа со голем ентузијазам се премина на негова реализација, а сè во интерес на учениците. Имавме размената на различни  идеи, дискутиравме да бидат опфатени повеќе наставни предмети (македонски јазик, математика, природни науки), а сè со цел овој проект да создава  стимулативна, когнитивна, едукативна средина  и средина за развивање на моторичките движења на учениците низ игри.  Се согласивме што сè ќе се слика, изработивме шаблони, го подготвивме теренот  и се премина на реализација на  проектот „Се забавуваме и учиме низ игра“. Со оглед на временските услови направивме  мала пауза. Но, проектот продолжува и во втора фаза.


Нема коментара:

Постави коментар