Согласно планот за реализација на проектот „Заедничка
грижа за правилно насочување на учениците“
се реализираше еко активност „Еко ден“. Во соработка со модната
дизајнерка Ивана Кнез во III-а
одд. се одржа EKO работилница
по повод Денот на мајките 8 Март. Се изработија саксии од пластични шишиња во кои беа
засадени семки од ароматични растенија босилек и жалфија. Целиот процес беше
објаснет на учениците и тие самостојно ги засадија семките. Откако се засадија
семките учениците продолжија да ги украсуваат своите саксии со еколошки
материјал. Учениците имаа можност креативно да се изразат, но и преку целиот
процес непосредно да ја подигнуваат еколошката свест на повисоко ниво. Задоволството и интересот на учениците се гледаше од нивните ведри и
насмеани лица. Голема благодарност од III-а одд.
и одделенскиот наставник Билјана Илиева до Ивана Кнез.
Нема коментара:
Постави коментар