среда, 22. јануар 2020.

Проект „Заедничка грижа“ - И родителот е наставник



Од планираните активности за I-д одд. од проектот„Заедничка грижа“ беше предвиден еден час во кој родителот Лавинија Перуновска која работи како професионален грумер реализираше наставен час по природни науки со содржина: Локални животни. Најпрво на учениците им презентираше филм за локални животни и животни што не живеат кај нас, а потоа им донесе едно локално животно - куче пудличкаа и со својата професионалност им кажуваше за негата и грижата за локалните животни.   
Интересните податоци презентирани со висока стручност  од родителот предизвикаа низа прашања кај учениците на кои добија одговор преку практични примери. За кратко време ни беа претставени и други миленичиња – морски прасиња кои беа посочени како пример на животни што не живеат кај нас, но се прилагодени и многубројни семејства се грижат за нив како домашни миленичиња. Поголем дел од децата изразија желба во присуство на родителот и наставникот да ги погалат животните и во завршниот дел на часот ги нацртаа во своите тетратки. Јакнејќи ја соработката ученик - наставник - родител кај нас се појави желба за повторна средба со родителот и запознавање со нови домашни миленичиња.

                                             Одговорен наставник: Даниела Костадинова


Нема коментара:

Постави коментар