На 10.06.2019 год. учениците од 2-б одд. со своите наставнички реализираа забавен и
впечатлив крај на училишната година во
Градскиот парк во Скопје.
Заедно со основци од неколку училишта од градот играа интерактивни игри за ботаника и зоологија на без’рбетни
животни - составуваа сложувалки,
пронаоѓаа скриени животни, истражуваа
со лупа, гледаа под микроскоп, учествуваа
во квиз и на крај ја погледнаа изложбата на хербариум, фаунариум
и аквариум со примероци од повеќе градови во Македонија.
Настанот беше во рамките на кампањата за подобра животна средина #НеИгнорирај
#Реагирај во која одделението е активно
вклучено.
Одговорен наставник Елена
Стојановска
ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА НА АКТИВ ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ
На 7.6.2019 година се реализира еднодневната ексурзија во
Тетово – Лешок која имаше
научно-образовен карактер и беше предвидена со наставниот план и програм на
трето одделение за учебната 2018/2019 година.
Прво беше посетена Шарената џамија во Тетово каде
одговорно лице им одржа кратко предавање на учениците за настанокот на
џамијата, за начинот на нејзиното градење, функцијата и нејзиното историско
значење. Потоа го посетивме манастирот Лешок каде учениците уживаа во
природните убавини на местото, ја посетија црквата Свети Атанасиј и го
разгледаа манастирскиот комплекс. Учениците беа задоволни од изведената
еднодневна екскурзија и во попладневните часови пристигнавме во нашето
училиште.
Одговорен наставник:
Светлана Жежовска
Нема коментара:
Постави коментар