По повод
Денот на мајчиниот јазик - 21
Февруари, општина Кисела Вода организираше литературен конкурс на тема:
„Македонскиот јазик, сведок на нашето постоење“. На конкурсот учествуваа повеќе ученици со
лични прозни и поетски творби од нашето училиште. Во втората категорија во која
беа опфатени ученици од VI – IX одд.
ученичката Маркоска Мила ја освои првата награда за најдобра лична творба на
објавениот конкурс. Свеченото доделување на наградите од страна на
градоначалникот се одржа во просториите
на општината.
МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК СВЕДОК ЗА НАШЕТО ПОСТОЕЊЕ
Кирил и Методиј пред векови азбука ни создале
и писменост на својот народ му дале,
а по нив Климент и Наум
Пејчиновиќ, Крчовски, Прличев и Џинот...
твореле на македонски
создавајки наш заеднички имот.
Нивните свети дела и денес за многумина се инспирација
зошто сфатиле дека јазикот поттикува дијалог,
разбирање, толеранција и творечка комуникација.
Денес постојат шест илјади и петстотини јазици
по кои луѓето низ светот се разликуваат,
и сите треба да се негуваат
и подеднакво да се почитуваат.
И јас денес јазикот македонски го славам,
затоа што ме прави горда Македонка
и затоа, еве, на македонски творам
и на литературен, македонски насекаде говорам.
Јазику мој во срце те носам
ти си сведок дека постојам!
Тебе секој со љубов те учи
на македонски
се поубаво звучи!
А во душава пламен ми разгорува,
знам, дур постои светот
на македонски,
ќе се зборува!
Мила Маркоска IX-б одд.
Ментор: Љуба Мишевска
Нема коментара:
Постави коментар